Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски во рамките на официјалната посета и учество на Младинскиот форум на Економскиот и Социјален Совет (ECOSOC), кој се одржа во периодот од 30 до 31 јануари во Обединетите Нации во Њујорк, оствари и неформални средби со министерот за спорт и млади на Србија, Вања Удовчиќ и со министерот за спорт и млади на Бугарија, Красен Кралев, информираат од Агенцијата за млади и спорт.
На двете одделни средби, Каевски иницирал продлабочување на регионалната соработка во областа на младите и спортот, како и можност за реализација на заеднички проекти со овие држави каде главен акцент би се ставил на младиот човек од овој регион.
Кавевски истакнал ваквите средби претставуваат основа за идна перспектива на регионот особено во делот за создавање повеќе предуслови за развој на сферите во кои се вклучени спортистите, како и младите и упатил покана до министрите на Србија и Бугарија за официјална билатерална средба во Скопје.