Во втората фаза од продажбата на влезници за Светското првенство во фудбал, кое што од 14 јуни до 15 јули ќе се игра во Русија, ФИФА примила приближно пет милиони барања за влезници.
Со оглед на тоа дека се примени 4.905.169 барања, ФИФА со извлекување (со медот на случаен избор) ќе избира од пријавените кандидати, кој ќе може да купи влезници. Добитниците ќе бидат објавени до средината на март.
Во првата фаза од продажбата биле продадени вкупно 742.760 билети. Според ФИФА, најмногу барања стигнале од Русија (2.503.957), па од Германија, Аргентина, Мексико, Бразил, Полска, Шпанија, Перу, Колумбија, САД и Холандија.