Голем број верници од Кочанско и Пробиштипско се собраа денеска на мананстирската слава кај мананстирот посветен на „Свети Василиј“ лоциран на Пониква на Осоговските планини на надморска височина од 1.640 метри.
Со свечената златосустова василева литургија чиноначалствуваа свештеници од Кочанското архиерејско намесништво. Манастирот посветен на „Свети Василиј“ четврта година по ред по неговото осветување собира броен народ на мананстирска слава.
По богослужбата се делеше манастирскиот ручек кој го подготви годинешниот кум Љупчо Папазов,верник од Кочани со семејството.