Започна со реализација проектот „За зелена Битола“

Од:

Согласно предвидената динамика, Општина Битола и ЈП Комуналец, денес започнаа со реализација на проектот „За зелена Битола“. Првата локација каде што се засадуваат зимзелени и листопадни дрвја е во близина на ОУ „Свети Климент Охридски“:

„Особено се радувам затоа што доаѓаме во дел на градот, каде што очигледно е видливо дека имало недостиг на дрвја и на садници. Започнуваме со динамика која во следниот период ќе се реализира на неделна основа. Мапирани се позициите, но она што особено ме радува е што деновиве доаѓаат наплив на барања од граѓаните на воочени локации од нивна страна, што покажува дека оваа е акција што ја спроведува Општина Битола, заедно со граѓаните, а во интерес на сите нас: Да имаме позелена и почиста Битола“, рече градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, нагласувајќи дека секоја садница повеќе е благодет и придонесува за прочистување на воздухот, поубава и почиста Битола.

Директорот на јавното претпријатие „Комуналец“ од Битола, најави комплетно зазеленување на овој дел на градот, но и понатамошно хортикултурно уредување и поставување на урбана опрема во новите паркови површини.

„Ова е еден голем проект со кој почнуваме денес. 25 зимзелени и 5 листопадни дрвја веќе се посадени. Истовремено, стоиме на располагање на сите граѓани, со свои идеи да придонесат за наша помош за зазеленување и на други површини. Нашите вработени и за постоечките и за новите паркови, ќе бидат задолжени со редовно одржување, чистење и наводнување. Од друга страна, бараме и од граѓаните да бидат наши помагачи во одржувањето и наводнувањето на овие површини“, рече директорот на ЈП Комуналец, Панде Богоевски.

Би можело да ве интересира

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски