Работникот што издаде предупредување за напад на Хаваите мислел дека заканата е реална

Од:

Американската сојузна комисија за комуникации соопшти дека работникот кој издаде предупредување за балистички напад на Хаваите, го направил тоа зашто помислил дека заканата е реална.

Претходно беше познато дека властите на Хаваи тестирале систем за узбуна, но еден од вработените наместо пробно испратил вистинско предупредување за ракетна закана до граѓаните, иако за тоа немал одобрување од надредените.

Лажната узбуна предизвика паника помеѓу жителите на Хаваи, а на властите им беа потребни 38 минути да испратат известување дека се работи за лажна дојава по нивна грешка.

Лажното предупредување беше испратено до телевизиските и радио станици на Хаваи, но и на граѓаните преку текстуални телефонски пораки.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас