Димовски: Во Собранието се силува демократијата

Од:

Во Собранието се случува силување на демократијата. Штотуку добивме порака дека на дневен ред се става точката за избор на потпретседатели за да има кој да го менува Талат Џафери во ноќните часови“, изјави од собраниската говорница Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој побара пауза од еден час, пред да се утврди дневниот ред на денешната собраниска седница.

„Почнуваме седница која има историско значење на која на дневен ред е закон за јазици. Тезите дека сакаме да блокираме не се точни. СДСМ покажа неодговорност, а ДУИ немање чувство за 80 отсто од граѓаните кои не се согласуваат со потребата од закон за јазици“, рече Димовски.

ВМРО-ДПМНЕ поднесе 35.569 амандмани за усогласување со Уставот. Неофицијално, повеќе од 33 илјади амандмани се однесуваат за казните. Службите уште ги преведуваат. Претпоставките се дека точката ќе се одложи, за кога ќе се создат услови за започнување на расправата.

Г.Н.Р.

Би можело да ве интересира

Димовски: Владата немаше право да прифати обврска за промена на Уставот, тоа е исто како да го продавате имотот на вашиот сосед

A1on

Илија Димовски: Владата не смее да пишува амандмани, тоа е злоупотреба на службена должност

A1on

Илија Димовски: Владата го префрли францускиот предлог во Собрание за да избега од одговорност

A1on

Димовски: Немаше гласање по Бадентер за Законот за Совет на јавни обвинители, тој не е донесен

Габриела Димковиќ-Мишевска

ВМРО-ДПМНЕ бара повлекување на предлогот за разрешување на Мизрахи

Драган Поповски

(ВИДЕО) Димовски: Не ме чуди ако предлог текстот за ЈО некој се осмели да го фалсификува

Драган Поповски