Утре протест пред Собрание против Законот за јазиците и промена на името

Од:

Граѓанската иницијатива за здраво, достоинствено и возвишено живеење „Преродба“ за утре најавува протест пред Собранието со почеток во 10 часот.

Како што соопштија, протестот е против антиуставниот, дискриминаторски, сепаратистички Закон за двојазичност, промена на името и нелегитимните капитулантски договори и преговори.

Како и во саботата, учесниците на протестот и утре ќе испратат исти пораки.

„Ќе упатиме ултимативно барање до претседателот да донесе конечна одлука со која ќе ги одбие сите предлози и процеси за промена на името на државата и ќе иницира постапка за признавање на Република Македонија воООН под уставното името“, се вели во најавата за протестот.

Би можело да ве интересира

Институциите премолчуваат глорификација на терористи и прекршување на Законот за јазиците обвинува Левица

Шаќири „максимално ќе го поддржи“ отворањето посебни сектори за примена на јазиците во сите институции

Жарко Настоски

Дескоска: Сериозно ги разгледуваме препораките на Венецијанската комисија

Законот за јазици нема да се ревидира, тврди вицепремиерот Османи

Заев: Зачувувањето на јазикот е од огромно значење за обединување и културно поврзување

Од Венецијанската комисија не бараме одложување на мислењето за Законот за јазиците, вели Заев

Ана Ололовска