Утрово најстудено во Берово

Од:

Најстудено утрово е во Берово, минус осум степени, а во Крушево се измерени максимални два степена.

Според УХМР, минус шест е во Скопје Петровец, минус пет во Струмица, Битола, Маврово, Тетово, Гевгелија и Демир Капија, минус четири во Охрид, Крива Паланка, Скопје и Штип, минус три во Прилеп и Дебар, минус два во Охрид, Претор и Лазарополе, минус еден во Виница и Дојран, нула во Ѓуриште и Пожаране, а еден степен е во Тополчани.

Висината на снежната покривка до осум часот е четири сантиметри во Пожаране и три во Маврово.

Преку ноќта беше ведро, тивко и студено. Изутринава е сончево, тивко и студено. По котливите е магливо, само на повисоките места и на планините има слаб ветер со од променлив правец.

Во текот на денот ќе биде претежно сончево и тивко со мала до умерена облачност, по одделни котлини со појава на утринска слаба магла, како и со мала облачност.На повисоките места и на планините ќе дува слаб до умерен северен ветер со променлив праве. Масималната температура ќе достигне од 7 до 15 степени.

Во Скопје претежно сончево и тивко со слаба магла и максимални 10 степени.

До четврток ќе се задржи стабилно и суво време со пораст на дневните температури По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.

Од петок се очекува извесно зголемување на облачноста и опаѓање на дневната темпертура. За наредниот викенд следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски