Сорос: „Фејсбук“ и „Гугл“ се закана за општеството и слободниот ум

Од:

Поради неуспехот да се заштитат од последиците од нивните акции, „Фејсбук“ и „Гугл“ се закана за општеството, обвини милијардерот Џорџ Сорос за време на неговиот говор на Светскиот економски форум во Давос. Сорос во агресивен напад врз технолошкитe гиганти ги обвини за монополско и антиконкурентно однесување. Како што рече, компаниите поттикнуваат зависности како коцкарските компании и ги нарече пречки за иновации, пренесе Bussinesinsider.

Според милијардерот, инвеститор и филантроп, социјалните медиуми влијаат врз тоа како луѓето мислат и се однесуваат, без дури и да бидат свесни за тоа, додавајќи дека имаат далекусежни негативни последици врз функционирањето на демократијата, особено на интегритетот на изборите.

Сорос повика на значително поголем регулаторен надзор над овие компании.

„Фактот дека тие се речиси монополски дистрибутери ги прави јавни комунални услуги и треба да бидат подложени на построги прописи со цел зачувување на конкуренцијата, иновативноста и фер и отворен универзален пристап”, порача Сорос.

Тој исто така ги критикуваше ефектите на двете компании врз умовите на луѓето обвинувајќи ги дека ги залажуваат корисниците преку манипулирање со нивното внимание и насочување кон сопствени комерцијални цели.

„Тие намерно ги инспирираат зависностите од услугите што ги обезбедуваат. Ова може да биде многу штетно, особено за адолесцентите. Постои сличност помеѓу интернет-платформи и компании за коцкање. Казината развија техники со кои ги примамуваат коцкарите до тој степен што ги коцкаат сите свои пари, па дури и парите што ги немаат”, рече Сорос.

Милијардерот нагласи дека друштвените медиуми ги поттикнуваат луѓето да се откажат од својата автономија. Моќта за обликување на вниманието на луѓето е сé повеќе концентрирана во рацете на неколку компании и се заканува на концептот за слобода на умот, додаде Сорос.

Би можело да ве интересира

Сорос тврди дека поразот на Русија во Украина ќе ја распадне „Руската империја“

ВИДЕО: Пендаровски на дипломатскиот дијалог за Западен Балкан во Давос

Лајен во Давос го најави Зелениот индустриски план

А1он

Пендаровски во Давос: Во регионот има две чувствителни точки – Република Српска и северот во Косово

Катерина Ѓуровски

Анкетите спроведени пред форумот во Давос предвидуваат глобална рецесија во 2023 година

А1он

Политичките лидери пристигнуваат во Давос, на Илон Маск настанот „му звучи досадно“ и нема да присуствува

А1он