Пендаровски во Давос: Во регионот има две чувствителни точки – Република Српска и северот во Косово

Од:

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Светскиот економски форум во Давос, денеска се обрати на панел сесијата „Во одбрана на Европа“, на која говореа и Анджеј Дуда, претседателот на Република Полска, Гитанас Науседа, претседателот на Република Литванија, како и Хозе Мануел Алваерез Буено, министер за надворешни работи, ЕУ и соработка на Шпанија и Светлана Тихановскаја – лидерка на Демократските сили на Белорусија.

Пендаровски оцени дека и покрај војната во Украина, предизвиците и мултиплицирањето на кризата охрабрува покажаната солидарност, не само на европско ниво, туку и трансатлантската солидарност, што, според негова оценка, е на ниво кое не било со години и оттаму треба да се црпи надежта за годината пред нас.

Претседателот посочи дека неопходно е и по завршување на војната во Украина да биде одржана европската, како и трансатлантската обединетост и солидарност, додека ако секој се сврти кон националните интереси, тоа ќе биде тешко одржливо. Претседателот потенцираше дека демократиите мора да се држат заедно, и да се борат за зачувување на демократските вредности затоа што во спротива ќе преовладаат автократските и диктаторските режими. Најважно, според него, е да биде одржана целосна обединетост и солидарност по завршување на војната во Украина.

Прашан за безбедносните предизвици на Западен Балкан, претседателот Пендаровски посочи дека во регионот има две чувствителни точки – Република Српска и северот во Република Косово, каде што има обиди за нарушување на интегритетот на овие земји. Претседателот Пендаровски оцени дека ранлива точка во европската безбедносна архитектура, настрана од Украина, е Западниот Балкан и НАТО и ЕУ треба да обрне внимание на ова.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Позитивна вест од разговорите во Охрид ќе биде добра за целиот регион, не само за инволвираните страни

Средба на Пендаровски со вселенскиот патријарх Вартоломеј

Катерина Павлова-Николовска

(ВИДЕО) Пендаровски: За да има помирување, треба да има извинување за депортацијата на македонските Евреи

Ана Ололовска

Реакција од Кабинетот на претседателот Пендаровски по повод ставовите искажани од ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска

Пендаровски телефонски разговараше со Пич, тема политичките процеси во земјава и регионот

Ана Ололовска

Професорот Овчаров: Очекувам провокации за време на прославата за Гоце Делчев

Орце Костов