Сорос тврди дека поразот на Русија во Украина ќе ја распадне „Руската империја“

Од:

Милијардерот Џорџ Сорос изјави дека поразот на Русија во Украина ќе резултира со колапс на она што тој го нарече „Руска империја“. Според него, поранешните советски републики би го поздравиле тоа. Тој посочи дека Украина има шанса на пролет, кога ќе го добие оружјето што и го вети Западот.

„Земјите од поранешниот Советски Сојуз едвај чекаат Русите да бидат поразени во Украина бидејќи сакаат да ја зацврстат својата независност“, рече Сорос во говорот на безбедносната конференција во Минхен.

„Ова значи дека украинската победа би резултирала со колапс на Руската империја. Русија повеќе не би била закана за Европа и светот. Тоа би била голема промена на подобро“, рече Сорос.

Тој изјави дека САД ќе ја поддржат Украина, но дека американскиот претседател Џо Бајден го предупредил украинскиот лидер Володимир Зеленски дека има граници и дека Третата светска војна мора да се избегне.

Сорос не го откри изворот на оваа информација.

Тој оцени дека руската армија има лоша команда и е слабо опремена и деморализирана, но дека рускиот претседател Владимир Путин се свртел кон платеничката група Вагнер за воено да и се спротивстави на Украина и дека, како што наведе, дава резултати на краток рок, јавува Гласот на Америка.

Кога станува збор за Кина, Сорос изјави дека стратегијата на претседателот Кси Џинпинг за нулта толеранција за Ковид-19 ја разниша довербата во Комунистичката партија.

„Сегашната ситуација ги исполнува сите предуслови за промена на режимот или револуција. Сепак, тоа е само почеток на нетранспарентен процес чии последици ќе се чувствуваат долго време. На краток рок, Си веројатно ќе остане на власт бидејќи тој цврсто ги контролира сите инструменти на репресија. Сепак, убеден сум дека Кси нема да остане доживотно на функцијата, а додека е претседател, Кина нема да стане доминантна воена и политичка сила, што е неговата цел“, смета Сорос.

Како што додаде, Русија и Кина се водечки членки на растечката група „затворени општества“ каде што поединецот е подреден на државата.

Би можело да ве интересира

Сорос и Гејтс ќе ја преземат фирмата за брзи ковид тестови

Ана Ололовска

ПроПублика: Маск, Сорос, Безос не плаќале данок на доход со години

Ана Ололовска

Највисокиот суд на ЕУ против унгарските закони што го погодија универзитетот на Сорос

Ана Ололовска

Според Сорос, Си е закана за ЕУ

Ана Ололовска

Орбан: Сорос стои зад миграцијата на Балканот

Ана Ололовска

Џорџ Сорос: Фејсбук работи во корист на Трамп

А1он