(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Златко Марин незаконски именувал в.д. директор на ОУ „Александар Македонски“

Од:

Градоначалникот на СДСМ во Аеродром, Златко Марин, именувал нов в.д. директор на ОУ „Александар Македонски“ спротивно на условите пропишани во Законот за основното образование, обвини Васко Василевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Имено, согласно со одредбите од Законот за основното образование, за именување на лице кое ќе ја врши функцијата в.д. директор на основно училиште, потребно е покрај другите услови директорот да има и пет години работно искуство во воспитно-образовната работа. Па затоа, јавно го прашуваме градоначалникот на општина Аеродорм и новоименуваниот в.д. директор на основното училиште ‘Александар Македонски’ – Марија Калешов, дали го исполнува условот од 5 години работно искуство во воспитно-образовната работа?“, рече Василевски.

Очигледно, рече тој, Златко Марин ја продолжува праксата на неговата матична партија СДСМ за незаконско назначување и именување  партиски функционери, притоа не земајќи ги  предвид нивната стручност и компетентност, туку единствен незаконски критериум за одредено лице да биде избрано е истото лице да биде член на СДСМ.

Тој го повика Државниот просветен инспекторат согласно со своите надлежности, во најбрз можен рок да ја преиспита одлуката на Златко Марин за именување  в.д. директор на споменатото основно училиште.

Би можело да ве интересира

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повикува обвинителот Коцевски да се поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ бара обвинителот Коцевски да си поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот