Охридското село Куратица станува се попрепознатливо по карневалот кој се одржува во ова планински село.
Годинава за време на празникот Василица се одржа 15-от по ред карневал, иако традицијата на маскирање овде е стара со векови.
Од Месната заедница се потрудија карневалот и годинава да привлече стотина туристи од сите делови на Македонија, имаше одличен избор на маски, како и богата културна уметничка програма.
По завршувањето на карневалското дефиле група од околу 200 членови ги посетија сите куќи во селото каде всушност се одвиваше забавата со раните утрински часови.
Ова е еден од начините за промоција на селото кое последните години поради добрата презентација странува се поинтересно особено за холандските туристи, место кое е одличен пример за развој на руралниот туризам.
Мики Трајковски