Иновативни идеи и решенија за мониторинг, намалување на загадувањето, како и за сузбивање на изворите, содржат денеска презентираните најдобри 10 предлог проекти од повикот „О2 предизвик“ на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).
Комисијата која ги оценува до крајот на денот ќе ги избере најдобрите проекти кои ќе добијат финансиска поддршка од расположивите шест милиони денари со повикот. Во трка се решенија треба да помогнат во справувањето со проблемот со загадувањето во областите: транспорт и мобилност, градежништво и урбани алтернативи и загревање.