Адвокатите бараа одложување на судењето за „Космос“, судот ги одби

Од:

Еден од адвокатите на Никола Груевски, Еленко Миланов пред судот укажа дека во случајот „ТНТ“, во однос на докази и воведен збор на обвинителството, каде се посочувале смс пораки и приватни разговори, постои двојство на одлуки. Според Миланов, не може да биде изменето правосилното решение на Апелациониот суд, каде бомбите не беа признаени за докази, за подоцна да бидат признаени.

„Сметаме дека квалитетен и содржаен воведен говор на одбраната може да биде даден по добивањето на аудио -визуелните докази. Сакам да побарам од судот на одбраната да и биде доставено вештачењето од тетовски универзитет”, рече адвокатот Миланов.

Адвокатот Димитар Дангов го повтори истиот став, додавајќи дека е убеден дека судот се согласува дека одбраната во оваа фаза од постапката има потреба од тие докази. Тој го спореше воведниот говор на обвинителите на СЈО, бидејќи тие зборувале за докази кои одбраната ги немала, а притоа образложиле се, а ова не е доказна постапка. Дангов вели дека ако во разумен рок, доказите од СЈО не бидат дадени на одбраната, судот да ги побара од нив.

Третиот адвокат на Груевски, побара одложување на судењето и воведните зборови, поради причините кои ги кажале неговите колеги. Адвокатот Дончо Наков, адвокат на двете обвинети вработени од Гази Баба, не бараше одлагање на судењето и дополни дека тој бара само почитување на законот, односно да се дадат доказите за тие да дадат воведен збор.

„Доколку не ни ги дадете доказите пред да ги дадеме воведните зборови, го кршите начелото за еднаквост на оружјата. Недавањето на доказите е кршење на принципите и оневозможување на одбраната на сите обвинети да дадат воведен збор, подеднаков начин и третман, како што тоа го направи СЈО”, рече Дончо Наков.

На ова, обвинителот на СЈО, Бурим Рустеми рече дека тие немаат ништо против одбраната да ги има законите, велејќи дека одбраната ги нема чуено разговорите, бидејќи не отишле во СЈО да ги слушаат, а тоа било во интерес на одбраната. „Тие не дојдоа во СЈО да ги чујат разговорите, а не побараа тоа да го направат во судот. Тие не го испочитуваа рокот од 15 дена да ги достави сите докази кои ср во одбрана на обвинетите. Тие лесно можеа да ги обезбедат списите, бидејќи знаеја дека се води постапка. Во однос на вештачењето од страна на Тетовскиот универзитет, точно е дека стигнало неколку дена откако одбраната ги доби доказите, а беше и дел од списите на предложените листи на докази”, рече обвинителот на СЈО, Рустеми.

Судијата Огнен Ставрев им укажа на адвокатите дека согласно законски одредби, нема законски пречки за одржување на воведниот збор. Адвокатите рекоа ако не се уважи предлогот на одбраната, нема да дадат воведен збор.

К.Ландов

Би можело да ве интересира

Кривичен за „ТНТ“: Мериторно одлучување на второстепениот суд при жалбени постапки е единствен начин за судење во разумен рок и економичност и ефикасност на постапките

И Обвинителството и одбраната бараат застарување на случајот за уривањето на Космoс

Александар Тодески

Апелацискиот суд ќе одржи јавна средница за случајот „ТНТ“

Цаноски: Судијата Ристов има намера да го застари предметот ТНТ и да не добијам отштета од 11 милиони евра

Предраг Петровиќ

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Пресудата за „ТНТ-рушење на КОСМОС“ е неиздржана, истакна одбраната на јавната седница во Апелација

Ана Ололовска