Во Кривичниот суд во Скопје денеска се одложија рочиштата за предметите на СЈО – „Труст“, „Транспортер“ и „Шпион“. За предметот „Труст“, кој е во доказна постапка, денеска сведочеше вештакот Радомир Цветковски. Во предметот се осомничени бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица, за злоупотреба на тендер на ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра.
Судењето за „Транспортер“ ќе продолжи на 31 јануари. Обвинети се поранешниот градоначалник на Битола и уште 20-тина лица, за злоупотреба на службената положба за организирање превоз на ученици. Судењето за „Труст“, пак ќе продолжи на 30 јунуари. Денеска се одложи и рочиштето за случајот „Шпион“ поради отсуство на дел од доказите од предметот кои биле на разгледување во друг суд. Ова е прво судење за „Шпион“ на новоименуваниот судија во предметот Владимир Туфегџиќ.
Два од овие три предмети почнуваат од почеток поради новиот состав на судиите. Останува само „Труст“ да го суди судијката која и досега го водеше предметот, Лидија Трајковска Зимбовска.