Заев со делегација на Банката за развој на Советот на Европа (ECB): Изградбата на Клинички центар е приоритет за Владата

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, во придружба на министерот за здравство д-р Венко Филипче, денеска ја примија во посета делегацијата на Банката за развој на Советот на Европа (ECB) предводена од Витомир Мајлс Рагуз, регионален менаџер на банката.

Тема на оваа средба беше информацијата за најновиот статус за изградбата на новиот клинички центар во Република Македонија за чија реализација е обезбеден кредит токму од страна на Банката за развој на Советот на Европа (ECB).

На средбата во Владата на Република Македонија беа презентирани фазите за реализација, имајки ги предвид прашањата за локацијата на клиничкиот центар, изградбата, опремувањето на клиниките соодветно на најновите достигнувања во медицинската технологија, како и прашањето на инфраструктурните проекти за поддршка на работењето на центарот и сообраќајните решенија.

На состанокот со претставниците на банката беше искажана јасната определба на Владата на Република Македонија дека ова е еден од најважните приоритети во оваа година, и дека се очекува конечната одлука за најдобрите опции за изградба на Јавната здравствена установа клинички центар „Мајка Тереза“ да биде донесена на една од наредните седници на Владата.

Апдејтираните моменти на проект за новиот клинички центар кои главно се однесуваат на инфраструктурните и сообраќајните решенија, претставниците на Банката за развој на Советот на Европа (ECB), ќе бидат презентирани и пред целиот состав на Владата на денешната седница.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните