Министеството за финансии денеска планира да се задолжи за приближно 24 милиони евра на домашниот пазар. Станува збор за 15 годишна обврзница и едногодишни државни записи. Целата сума ќе се искористи за враќање на стари долгови, чии рокови за исплата доспеваат утре и в понеделник.
Според календарот за задолжувања на Министерството за финансии, ова ќе биде втор заем на домашниот пазар од почетокот на годинава, покрај еврообврзницата од половина милијарда евра. Јавниот долг на Македонија заклучно со септември 2017 година изнесува 4,6 милијарди евра или 45,8 проценти од БДП.
В. М.