Иванов им достави 14 страници на пратениците со кои тврди дека Законот за јазици е противуставен

Од:

На пленарната седница на Собранието, закажана за 29 јануари, пратениците повторно треба да гласаат за Законот за употреба на јазици, откако претходно претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов не го потпиша указот за овој закон.

Иванов истакна дека при носењето на овој закон е злоупотребено европското знаменце за со просто мнозинство да се донесе закон со кој се менуваат системски закони коишто, пак, се носат со двотретинско мнозинство. Во образложението напишано на 14 страници, кое им е доставено на пратениците се наведени сите делови, членови и ставови од Законот за употреба на јазиците кои, според Иванов, го кршат Уставот.

Предлог – законот за употреба на јазиците беше изгласан на 11 јануари и содржи 25 члена. Во писмото од Иванов, 19 членови од овој закон се наведени како противуставни. Ако биде изгласан и вторпат, без измени, претседателот нема право на вето.

В.М.

Би можело да ве интересира

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи