Во италијанската Серија А попладнево продолжија натпреварите од 20. коло, а лидерот Јувентус ја преполови предноста на врвот на табелата што до пред две кола ја имаше во однос на Лацио и Наполи. Јувентус денеска одигра нерешено на гостувањето кај Парма, а Лацио и Наполи победија пред своите гледачи.
Постигнати се овие резултати Торино – Сиена 3:2, Лацио – Аталанта 2:0, Удинезе – Фиорентина 3:1, Каљари – Џенова 2:1, Парма – Јувентус 1:1, Наполи – Палермо 3:0 и Катанија – Рома 1:0.
Вчера: Болоња – Киево 4:0 и Интер – Пескара 2:0.
Со дуелот Сампдорија – Милан вечерва од 20 часот и 45 минути ќе биде комплетирана оваа рунда.
Табела: Јувентус 45 бодови, Лацио 42, Наполи 40, Интер 38, Фиорентина 35, Рома 32,…