Српскиот претседател Александар Вучиќ за време на посетата во северно Косово изјави дека носи три пораки за локалното српско население .
„Србите треба да опстанат и останат во своите домови, а српската држава им помагала и ќе продолжи да им помага и во иднина“, изјави шефот на државата и додаде дека е дојден за да разговара за безбедноста на Србите и види кои органи ја гарантираат истата.
Освен тоа Вучиќ откри дека Белград и Приштина ќе разменат информации за убиството на лидерот на косовските Срби, Оливер Ивновиќ што беше причина за посетата на претседателот во регионот.
Вучиќ за време на неговата прва дестинација од патувањето – манастирот „Бањска“ истакна дека Белград ќе одвои 250 милиони динари со цел обнова на духовниот објект.