Најчевска: Што е проблематично во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од 13.01.2013?

Од:

Мирјана Најчевска на својот блог „Квадратура на кругот“ дава своја оценка „ШТО Е ПРОБЛЕМАТИЧНО ВО СООПШТЕНИЕТО НА ВМРО-ДПМНЕ ОД 13.01.2013“

Ставот го пренесуваме во целост:

ВМРО-ДПМНЕ излезе со соопштение дека не прифаќа вонредни избори и ги повикува СДСМ да се вратат во Собранието и да учествуваат во наредните локални избори.

Што е проблематично во ова сооштение?

1. Лагата дека ВМРО-ДПМНЕ “како и во целото свое делување до сега, се залага за одржување на редовни, фер и демократски локални избори, во согласност со меѓународните стандарди и вградените препораки на ОБСЕ и ОДИХР“. Тие сега решиле дека се залагаат за редовни избори, меѓутоа во неколку наврати претходно иницираа и поддржаа вонредни избори кога мислеа дека им одговараат. Исто така, забелешките и препораките на ОБСЕ и ОДИХР покажуваат големи отстапувања од меѓународните стандарди и бараат многу суштински промени за да можат да се задоволат овие стандарди.

2. Лагата дека ВМРО-ДПМНЕ ги прифатило сите препораки на ОБСЕ и ОДИХР. Не е точно дека се прифатени овие препораки и дека се вметнати во легислативата.

3. Лагата дека избирачкиот список е целосно пречистен. Посебно проблематичен е фактот дека ВМРО-ДПМНЕ не успеа да спроведе попис на населението што е еден од предусловите за пречистување и на избирачките списоци.

4. Лагата дека “Тие избори беа изведени во целосна фер и демократска атмосфера, што впрочем беше и потврдено од целата меѓународна заедница, која честиташе на тие избори, се потврди со извештајот и препораката на Европската комисија“. Само на едно место во извештаите најгенерално се спомнува дека изборите добиле позитивна оценка (доволен 2 со многу минуси кои бараат цело лето работа). Впрочем за кецарошите петката се гледа наопаку како двојка. Цел комплекс од забелешки на меѓународната заедница е поврзан со несоодветното постапување на администрацијата во текот на изборите, искористувањето на администрацијата од страна на владеачката структура, користењето на државните средства во функција на изборната кампања, злоупотреба на државниот медиум, дебалансирано присуство на одделни медиуми, отсуство на реална контрола, проблематични записници и пребројување на гласовите, прокси и семејно гласање.

5. Лагата дека ВМРО-ДПМНЕ навистина ги повикува опозиционите партии “ да се вратат со свое учество во институционалните рамки на делување и низ дијалог во Собранието на Република Македонија, заеднички да се бараат решенија за сите предизвици на нашата држава и политички амбиент“. Да сакаа навистина опозицијата да се врати во Собранието тоа ќе го покажеа на следните начини: ќе понудеа расправа и расчистување на случувањата од 24.12.2012, ќе понудеа воспоставување на процедури и правила кои ќе бидат донесени во соработка со опозицијата, ќе понудеа мораториум на донесување закони без присуство на опозицијата. Во ниту една демократска држава не може да помине ваков инцидент (дури и од многу помали размери) без истрага и правна разрешница (бидејки на тоа се гледа како базичен постулат на правната држава).

Со едно вакво соопштение ВМРО-ДПМНЕ потврди дека во Македонија не постојат институции кои ја обезбедуваат демократијата, туку се е во рацете на една политичка партија која ги заменува сите институции на државата. Пред извесно време престана да се крие фактот дека одлуките се носат во Владата, а се гласаат на Собрание. Со ова соопштение веќе не се крие дека одлуките не се носат ни во Владата, туку во штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа не е функционирање на институциите.

Со едно вакво соопштение ВМРО-ДПМНЕ не само што не го препознава сопствениот удел во настаните од 24.12.2012 година, туку воопшто не препознава дека има проблем во Собранието.

Во вакви услови апсолутно е нецелисходно враќање на опозицијата во Собранието бидејки тоа ќе значи само давање алиби на владеачката партија и поддржување на илузијата дека во Македонија има парламентарна демократија.

Јас не сум голем поддржувач на Троцки, меѓутоа во моментов дефинитивно мора да се дојде до дното за да може граѓаните да разберат дека понатаму така не се може и да побараат друго решение. ШТО ПОЛОШО ТОА ПОДОБРО.

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска