Димитров: Посетата на Столтенберг – силно охрабрување за нашите очекувања 2018-та да биде историска

Од:

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров денеска оствари средба со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во рамки на неговата прва официјална посета на Република Македонија.

Министерот Димитров нагласи дека посетата на Генералниот секретар на НАТО е од круцијално значење за Република Македонија и претставува силно охрабрување за нашите очекувања дека 2018 година ќе биде историска година за земјата како и за регионот. Изрази голема благодарност за континуираната поддршка за евро – атланската интеграција на Република Македонија и очекување за позитивен исход од претстојниот Самит на НАТО во јули оваа година.

МНР Никола Димитров информираше за проактивниот дипломатски ангажман на Република Македонија за реализирање на надворешно-политичките приоритети – добивање покана за членство во НАТО и датум за почеток на преговорите со ЕУ.

Тој исто така ја потврди и одлучноста и политичката волја на Владата за навремено и ефикасно реализирање на реформските процеси и унапредување на добрососедските односи и регионалната соработка – „Членството во НАТО за Република Македонија значи стабилност за земјата и за регионот“ – истакна министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ја потврди политиката на отворени врати на НАТО, го изнесе својот позитивен впечаток од демократскиот развој во земјата, искажувајќи поддршка за реформските процеси на Владата на Република Македонија. Воедно, Столтенберг изрази и охрабрување да се искористи позитивниот моментум на земјата со цел реализација на нејзината евро-атлантска аспирација.

Би можело да ве интересира

Путин: Бесмислено е дека ќе го нападнеме НАТО, Русија е подготвена за мир со Украина

Москва: НАТО сака да ја потчини Србија и ги засилува напорите да ја привлече во својата орбита

Бабиш: Чешка нема да ја исполни целта за одбранбени трошоци на НАТО

САД упатија нови критики кон своите сојузници во НАТО

Медведев им се закани на граѓаните на ЕУ: „Мирниот сон заврши“

НАТО се огласи по ударот на руски дрон врз зграда во Романија