Наумовски: Предлозите на Нимиц се далеку од достоинствено решение

Од:

Амбасадорот Васко Наумовски, македонскиот претставник во разговорите за спорот за името, денеска изјави дека предлозите изнесени од медијаторот Метју Нимиц се далеку од достоинствено решение.

-Нашата држава има име, тоа е Република Македонија, името што е во основата на нашиот идентитет. Исто така, денес во 2018 година никој не може да го негира постоењето на македонскиот народ и македонскиот јазик. Од страна на медијаторот денеска беа презентирани некои идеи за коишто сметам дека излегуваат од оваа рамка и дека се далеку од едно достоинствено решение, но, сепак, овие предлози ќе бидат презентирани пред државно-политичкиот врв и истиот ќе може да заземе став по ова прашање, рече Наумовски за телевизија Сител.

Тој изјави дека не е оптимист за решавање на спорот за името со Грција.

Би можело да ве интересира

Вујиќ-Обрадовиќ: Грција времено ќе го суспендира EES системот за српските туристи

Вооружените напади предизвикаа масовен штрајк во Грција

Горан Наумовски

Грција ќе забрани анонимност на социјалните мрежи

Укинат им е имунитетот на 13 пратеници на владејачката партија во Грција

Македонската туристичката комора бара од Атина одложување на примената на ЕЕС-системот за Македонците во летната сезона

„Катимерини“: Грција има резерви на гориво за два месеци