Работен состанок за проектот „Изградба на пречистителна станица и колекторски систем“

Од:

Градоначалникот на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, денес оствари работен состанок со претставници од Министерството за животна средина и координаторот на ИПА проектот за изградба на пречистителна станица и колекторски ситем во Битола, г-ѓа Јадранка Ивановска. На состанокот, беше дефинирана понатамошната реализација на проектот, кој претставува проект од големо значење за животната средина.

Вкупната финансиска конструкција на проектот изнесува 28,7 милиони евра, од кои 85% од средствата се обезбедени од ИПА фондовите, а околу 7,5 милиони евра се од Владата на Република Македонија.

На средбата, беше констатирано дека Општина Битола, во последните неколку месеци, забрзано ги исполни своите обврски, со што проектот „Изградба на пречистителна станица и колекторски систем“, ќе започне со реализација.

За реализација на истиот, заедно со Министерството за животна средина и Европската делегација, во пролетниот период треба да се објави јавна набавка за избор на ревизија на проектот, надзор и изведувач, а до крајот на годината да се потпишат договорите за изградба и да започнат активностите. Согласно предвидената проектна динамика, општина Битола до крајот на 2020 година или најдоцна до почетокот на 2021 година, треба да добие пречистителна станица со која е предвидено собирање и третирање на отпадните води во Битола и околината.

Би можело да ве интересира

Коњановски: Секој голем проект почнува од гласот на граѓаните

Битолската полиција со апел до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

(ВИДЕО) Коњановски: Целосна реконструкција на центарот за спорт и рекреативни активности во Битола

(ВИДЕО) Филипче од Битола: СДСМ се враќа!

Горан Наумовски

Лажен лекар од лековерна битолчанка зема 27,000 евра, жртвата касно дозна дека е измамена

Горан Наумовски

Битола добива нов голем хотелски комплекс

Предраг Петровиќ