Директорот Каевски оствари билатерална средба со владина делегација од Хрватска

Од:

Денеска, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски во рамките на работната посета на Хрватска, оствари билатерална средба со хрватската владина делегација предводена од генералниот Државен секретар за спорт, Јаница Костелиќ.

Каевски на средбата се заблагодари за укажаната прилика и истакна дека билатералната соработка и унапредување на заедничкото пријателство со Хрватска е еден од приоритети за регионална соработка на Агенцијата за млади и спорт.

Двете страни на средбата разменија искуства во делот на врвниот спорт, капиталните инвестиции во спортот, искористувањето на објектите за спорт и предлози за финансирањето во делот на спортот.

Каевски на крајот од средбата упати покана до хрватската владина делегација за возвратна средба во Македонија, со една цел, продлабочување на регионалната соработка во областа на спортот и трансфер на искуства и спортска експертиза поврзана со повеќе процеси кои се дел од спортот.

Костелиќ, се заблагодари за посетата и остварената средба со македонската делегација и изрази задоволство за поканата за возвратна средба во Македонија. Таа додаде дека очекува ваквите средби да бидат редовни и да вродат со плод, со една цел за создавање повеќе предуслови за развој на регионалниот спорт.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

ВИДЕО: Премиерот Ковачевски му врачи стипендија на младиот пливач Марко Пејчиновски

Ана Ололовска

ВИДЕО: Преку ваучерскиот систем спортистите имаат сигурен партнер

Ана Ололовска

Крива Паланка ќе добие нова фитнес зона

Ана Ололовска