Тарчуловски нема дозвола да го следи обраќањето на Столтенберг во Собранието

Од:

Судот не му дозволи на пратеникот Јохан Тарчуловски, кој се наоѓа во куќен притвор, да го следи утрешното обраќање на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во Собранието.

„Постапувајќи по барање на обвинетиот Ј.Т., да добие дозвола од судија на претходна постапка да се оддалечи од местото каде ја издржува мерката куќен притвор, како би можел да присуствува на обраќање во Собранието на Р.М., судијата на претходна постапка м-р Ненад Савески, кој постапува по барањето, го извести лицето дека не му се дозволува да се оддалечи, на одредено време, од местото каде ја издржува изречената мерка“, соопшти Основниот суд Скопје 1.

Од таму велат дека ваквата одлука е донесена во согласност со одредбите од член 163 ст. 2 од ЗКП според кои, поднесеното барање на обвинетиот не претставува исклучок од законската одредба.

Член 163 став 2 т. 1 и т. 2 од ЗКП гласи: „На лице против кое е определен куќен притвор судот може, по исклучок, да му определи да се оддалечи за определено време од станот или од друг простор ако тоа е потребно за лекување, или тоа го бараат посебните околности поради кои може да настапат штетни последици по живтот, здравјето или имотот на лицето или на неговите блиски“.

Би можело да ве интересира

Шпанија e под притисок: Мора да троши повеќе на одбрана

Трамп повторно им се закани на членките на НАТО

Шекеринска: Западен Балкан мора да внимава на зборовите – тие можат да бидат поопасни од оружје

А1он

Песков: Украина не треба да стане членка на НАТО, бидејќи тоа e закана за Русија

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

НАТО сака Украина да биде напредна суверена држава откако ќе се постигне мир