Директорката на градинката „Кочо Рацин“ тврди дека воспитувачката е сменета поради поплаки

Од:

„Во врска со прес конференцијата на Првата детска амбасада „Меѓаши“ и дел од родителите на децата во ЈУДГ ОЦ „Кочо Рацин“, ја известуваме јавноста дека се работи за непознавање на функционирање на ЈУДГ.

Според член 122, став 2, алинеја 4 од Законот за заштита на децата, ингеренција на директорот меѓу другото е распределба на вработените според потребите за поефикасно работење. Посочената воспитувачка е префрлена во друг објект во рамките на истата градинка, бидејќи повеќе родители претходно искажаа нездоволство од нејзината работа со децата.

Тврдам дека мојата одлука е согласно законот и единствено во интерес на децата. Категорично ги демантирам изјавите дека децата плачеле и ја барале старата воспитувачка. Процесот на згрижување на децата се одвива тековно и без проблеми. Што се однесува до наводниот бојкот, организиран од некои родители, сметам дека тоа е на штета на децата а написите на ранците се злоупотреба.

Сакам да ги информирам родителите, дека јас, како директор и градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ, им стоиме на располагање доколку пројават интерес“, се вели во реакцијата на В Д Директор на ЈУДГ ОЦ „Кочо Рацин“ Габриела Алабашовска.

Би можело да ве интересира

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Во Скопје речиси 50 отсто од децата се невакцинирани со ди-те-пер

A1on

Здравствениот инспекторат ќе ги контролира вакциналните потврди за градинка, министерот ги прифати препораките

Катерина Ѓуровски

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

A1on

Училиштата и градинките ќе плаќаат за 35 отсто поевтино парно, Регулаторот ги намали сметките

A1on

Во градинките лани биле згрижени 35 932 деца

Ана Ололовска