Седумдесет и пет лица се повредени при рушење на меѓукат во зградата на индонезиска берза.
Портпаролката на болницата во Џакарта изјави дека рушењето на меѓукатот овојпат не е последица на напад, со оглед на тоа што во 2000-та година индонезиската берза беше мета на бомбашки напад на исламските екстремисти.
Шефот не берзата соопшти дека системот на берзата не е нарушен, членовите на берзата се безбедни, а таа ќе продолжи непрекинато да работи.