За што најчесто се користи интернетот?

Од:

Интернетот е медиум на кој сме навикнале и без кој многумина „тешко би живееле“, посебно оние на кои работата им е поврзана со него. Но колкав навистина е бројот на оние кои го користат и за каква цел?

Според анкетата на Институтот за истражување и медиуми Медиана, во Словенија минатата година има најголем број корисници на интернет. Во оваа земја речиси четворица од пет Словенци користат интернет, што покажува дека во Словенија е најголема употребата на интернетот. Веднаш потоа се наоѓаат Хрватите, додека во Србија и Македонија го користат 63 отсто од граѓаните.

Во Хрватска и Словенија интернетот првенствено се користи за следење дневни вести, а потоа за користење електронска пошта и на трето место за следење временска прогноза. Во Србија и Македонија редоследот е поинаков. Во овие две земји интернетот најмногу се користи за следење дневни вести, потоа пристап до социјалните мрежи и на крајот е употребата на електронска пошта.

Резултатите од истражувањето покажале дека нема големи разлики околу тоа кој вид на медиум се следи преку интернет во овие држави. Имено, во сите од нив најмногу на интернет се следат страниците на дневните весници, потоа слушањето радио и гледање телевизија.

Би можело да ве интересира

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски

Македонија има најбрз интернет во регионот

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски