АУДИО: Палитов испрати демант за лобирањето за Бугарите во „Фени“ , „Макфакс“ во целост ја објавува снимката од состанокот

Од:

Претседателот на синдикатот на „Фени“, Ѓоре Палитов, откако вчера не одговараше на телефонските повици и пораките од „Макфакс“ денес испрати демант на текстот со наслов „Заговор за Фени“, излезе аудиоснимка од лобирањето на претседателот на Синдикатот за Бугарите“, објавен вчера.

„По повод вчерашните обвинувања кон мене како Претседател на Синдикалната организација при ’Фени Индустри’ АД од страна на медиумскиот портал makfax.com.mk упатувам јавен демант на истиот. Имено, јас Ѓорe Палитов ја имав таа несреќа да бидам Претседател на Синдикалната организација на Фени Индустри во можеби најтешкиот период во последните 15 години но во едно сум сигурен а тоа е дека ја извршувам оваа функција максимално транспарентно, со преголема енергија и само со една цел – враќање на Фени на правите патеки, односно помагање за рестартирање на истата. Во согласност со ова како и за моите колеги вработени во Фени Индустри АД јас како борец за општото добро сум во постојан контакт и со другите загрозени субјекти од овој стечај а во тие спаѓаат и секако моите сограѓани – транспортерите. Точно е дека јас бев присутен на тој состанок по нивно барање и разговаравме за моменталните проблеми и евентуалните последици за сите нас. Ниту имам лична корист од некого да фаворизирам, ниту имам желба да критикувам. Имам улога на лидер на вработените и тоа го правам. Ние само сакаме Фени Индустри да добие сопственици кои го сакаат најдоброто за фабриката и кои се подготвени да инвестираат во истата. А вие што се служите со закани и уцени ве молам да се појавете јавно и да не се криете затоа што ви следи и кривична пријава“, стои во демантот на Палитов.

На крајот од демантот Палитов апелира до надлежните дека вработените во „Фени“ не се за издавање на фабриката под наем затоа што со тоа немало никаква иднина за вработените, а закупецот можел да си оди во секој момент затоа што не платил ниту денар за фабриката ниту пак инвестирал во неа. Тој тврди дека нема да дозволат некој да прави краткорочни профити без да инвестира и без да се знае судбината на сите вработени и на побарувањата на сите доверители.

„Стечајот треба да заврши во најкраток рок, како и што ни беше ветено независно дали Апелација ќе ја врати фабриката во предстечајна постапка или преку реорганизација“, вели Палитов во демантот.

Во демантот Палитов не ги спомнува обвинувањата од вработените во „Фени“ објавени на „Макфакс“. Во текстот стои дека вработените во „Фени“ со аудиоснимка ги потврдуваат неколкумесечните тврдења дека претседателот на Синдикатот е продолжена рака на раководството и лобира за бугарската компанија „Енекод“. Тие во „Макфакс“ испратија тонски запис од состанок на Палитов со транспортерите, на кој, како што тврдат, Палитов ги убедува дека најдобро решение за фабриката, и покрај отворената стечајна постапка во велешкиот суд, е бугарската компанија. Снимката е полна со навреди, обвинувања, пцовки, а вработените посочуваат дека претседателот на Синдикатот, Ѓоре Палитов, имал главен збор и ги нарекувал банките багра која не ја интересираат вработените во „Фени“, швајцарската компанија заинтересирана за фабриката ја нарекува преварантска, а Бугарите биле тие што давале пари. Вработените укажуваат дека Палитов на состанокот го спомнува и „„Макфакс“ и им објаснува на транспортерите дека вицепремиерот Кочо Анѓушев наредува што да пишува овој медиум, што е апсолутна невистина, но затоа тој има свои медиуми на кои во секое време може да им се јави и да им каже што да напишат.

На снимката, Палитов ги убедува транспортерите дека „Фени“ е битка меѓу вицепремиерот Кочо Анѓушев и ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, посочија вработените.

(М.И.П.)

Би можело да ве интересира

Основен суд Кавадарци: Одбиени предлози за укинување одлуки за продажба на имот на поранешно „Фени”

Левица: ФЕНИ ќе почне со работа на штета на вработените , бараме национализација

Предраг Петровиќ

Турски ,,Јилдирим” го купи поранешно ,,Фени” од Кавадарци, работниците сукцесивно треба да се враќаат на работа

Предраг Петровиќ

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

A1on

Комерцијална банка го презеде поранешен Фени за 37,9 милиони евра

A1on

Кавадаречките политичари ги поддржаа работниците: Нема да се дозволи да се изгасне печката во Фени

А1он