Во фудбалскиот шампионат на Италија синоќа се одиграа првите два натпревара од 20.коло и завршија со победи на домашните екипи Болоња и Интер.
Постигнати се овие резултати: Болоња – Киево 4:0 и Интер – Пескара 2:0. Денес во терминот од 12 часот и 30 минути ќе играат Торино – Сиена, а од 15 часот се натпреварите: Лацио – Аталанта, Удинезе – Фиорентина, Каљари – Џенова, Парма – Јувентус, Наполи – Палермо и Катанија – Рома.
Со дуелот Сампдорија – Милан вечерва од 20 часот и 45 минути ќе биде комплетирано 20.коло во Серија А. Табела: Јувентус 44 бодови, Лацио 39, Интер 38, Наполи 37, Фиорентина 35, Рома 32, Милан 30, Парма 29,…