Компостирање – отпадот не е проблем, туку ресурс

Од:

Отпадот не е проблем, туку на него треба да се гледа како на ресурс, рече на денешната завршна прес-конференција директорката на Центарот за развој на Југоисточниот пласнки регион, Жулиета Ѓуркова. На пресот беа презентарани резултатите од проектот „Размислуваме за компостирање-посветени на одржување на органскиот синџир.

Проектот се реализира од страна на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и Асоцијацијацијата на Југозападни општини од Република Бугарија.

– Со проектот беа опфатени вкупно 27 општини-десет од Македонија и 17 од Бугарија. Со имплементацијата беа распоредени вкупно 800 компостери во домаќинствата во прекуграничниот регион. Во Југоисточниот регион компостери добија 400 домаќинства, а граѓаните кои добија компостери беа запознаени со процесот на компостирање преку инфо деновите, презентациите како и брошурите за компостирање кои им беа доделени. Беше креирано и емитувано видео за проектот и за компостирањето на регионалните телевизиски станици со цел подигнување на јавната свест и промовирање на придобивките кои луѓето и животната средина ќе ги добијат со компостирањето, рече на почетокот директоркаа Ѓуркова.

Би можело да ве интересира

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица

Трагедија во Струмица: 71-годишна жена е пронајдена почината во Градскиот парк

Горан Наумовски

Мртва жена e пронајдена во Градскиот парк во Струмица

Горан Наумовски

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Костадинов: Наводите за криминал со електричните автобуси се целосно неосновани