Со учеството на учениците во бадникарските поворки во саботата не е прекршен Законот за основно образование бидејќи децата во таа верска манифестација не биле организирани во училиштата што е казниво со законот.
Инспектори од Државниот просветен иснпекторат (ДПИ) завчера и вчера извршиле надзор и досега добиле записници од 162 градски училишта од повеќето градови низ Македонија, меѓу кои и од 34 основни училишта во Скопје.
Директорот на ДПИ Томе Спировски за МИА изјави дека од официјалните записници што инспекторите ги добиле по разговорите со училишните раководства во дводневниот инспекциски надзор, заклучено е дека во ниту едно училише нема повреда на Законот за основно образование, зашто не е констатирано подготовка и план за верската прослав