(ВИДЕО) Лешко: Пред да ме избркаат од „Веро“ ми се закануваа

Од:

Отпуштена сум додека бев на боледување, отказот го добив усмено на 5. јануари. Откако ми заврши боледувањето отидов на работното место при што ми беше кажано дека нема потреба да доаѓам повеќе и дека немам образ бидејќи лажам за дијагнозата на моето дете.

Веднаш потоа од маркетот ме изнесе обезбедувањето, рече Кети Лешко, бесправно избрканата работничка од Веро-5 маркетот.

– Ја доставив целата документација за болеста на моето дете, меѓутоа мислам дека се ова е сценарио на претпоставените. Претходно настана вербална расправа околу репрезентативен материјал, но отказот е спремен од порано, најверојатно за да дојде друга личност на моето место, вели Лешко.

Таа за отказот била усно информирана, односно воопшто не добила отказно решение во писмена форма. Поради тоа, Лешко не може да поднесе жалба до надлежниот суд.

Бесправно отпуштената работничка изјави дека четири дена пред да го добие отказот и бил вршен мобинг од страна на претпоставените со пораки по телефон, вознемирување и закани по што случајот го пријавила во трудова инспекција.

– Од трудовата инспекција ми беше кажано дека ќе се преземе се што е можно за решавање на оваа проблематика и мислам дека правдината ќе излезе на површина, вели Лешко која пред да биде избркана севкупно била 7 дена на боледување кое било неопходно да го земе поради грижата за болното дете.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Пратениците од Левица поднесоа интерпелација за претседателката на Комисијата за социјална политика Даути за законот за бранители

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанчев: Нашиот левичарски нарав е таков – за сестра се умира

(ВИДЕО) Јовановска: На народот му врие, преку глава му е од овие политички препукувања

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

(ВИДЕО) Мециновиќ: Народот заслужува одговори – ДПМНЕ му сервира пцости и насилство

Баџанакот на Тошковски “победи” студент на генерација и стана доцент обвинува Левица