(ВИДЕО) Груби: Со Законот за јазиците ќе добие Македонија, а ќе се релаксираат меѓуетничките односи

Од:

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби по гласањето на низата закони во Собранието, вели дека 15 години по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, со гласањето на законот за јазиците бил заокружен мировниот договор, а сега останува да се имплементира.

Груби им се заблагодари на сите кои гласале „за“, но и на тие кои не гласале против законот.

„Сметам дека овој Закон е поддржан од сите страни, бидејќи сите партии се потписници на Охридскиот рамковен договор. Очекувам опозицијата да го поддржи овој Закон, иако не беа во Собранието за време на гласањето. Со овој закон ќе добие Македонија, а ќе се релаксираат меѓуетничките односи, ќе се затворат многу теми кои произлегуваат од нормативниот дел на Охридскиот рамковен договор“, вели Груби.

Законот за употреба на јазиците треба да биде потпишан и од претседателот Иванов, за што Груби очекува позитивен исход.

„Доколку Иванов не го потпише законот и застане против Охридскиот рамковен договор, тој ќе се врати повторно во Собранието, каде повторно ќе се гласа. Го повикувам Иванов да стане дел од успешната приказна на заокружување на Охридскиот рамковен договор“, додава Груби.

Коментирајќи ги состојбите во политичката партија БЕСА, Груби вели дека треба да се почека конгресот, а потоа да се види што ќе се случува. Тој смета дека пратениците на БЕСА, Алијанса за Албанците и ВМРО-ДПМНЕ треба да ги поддржат реформските процеси, а со тоа ако и мислат добро на државата, мора да ги изгласаат законите.

К. Ландов

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик