Се прави политичка „урамниловка“ со притворите, рече адвокатот на Оливер Поповски

Од:

На три јавни седници апелационите судии денеска одлучуваат дали да им биде укинат продолжениот притвор на осомничените за крававиот четврток.

Разрешениот ексначалник во МВР, Оливер Поповски, преку адвокатите поднел жалба на решението за продолжување на притворот за нови 30 дена. Адвокатот на Поповски, Ставре Џиков побара куќен притвор или поблаги мерки за обебедување на присуство. „Поповски имал значајна функција во МВР. Тој е личност кој немал престап и прекршок“, рече Џиков пред тричлениот судиски совет. Според него, се врши политичка „урамниловка“ со притворите. „Судот е политички превртлив, а вие со вашата одлука таа перцепција може да ја смените“, истакна Џиков.

Дилавер Бектеши од Вишото јавно обвинителство рече дека осомничениот може да избега, да влијае врз сведоците и останатите осомничени. „Нема основа за укинување на притворот“, рече Бектеши. Конечната одлука судот треба да ја објави деновиве.

Жалба за притворот покрај Оливер Поповски, поднеле и актерот Владо Јовановски, Горан Ѓошевски, поранешниот шеф на обезбедувањето на Трајко Вељаноски и Мунир Пепиќ од Агенцијата за разузнавање. Судот пред новогодишните празници им го продолжи притворот за нови триесет дена на пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, на поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, на организаторите на протестите на „За заедничка Македонија“ Игор Дурловски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски и на уште шестнаесет лица осомничени за насилствата во Собранието.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Кривична за судијата Ѓоко Ристов за „противправно стекнување и прикривање имот“ и за „перење пари“

А1он

Судскиот совет одлучува за одземање на имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

А1он

Апелација: Двојно повисока казна за двајцата директори обвинети за пожарот во модуларната во Тетово

А1он

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Фетаи: Преку барање на повисока казна, не бараме освета – казната затвор не е само бројка, туку став

А1он