Единаесет принцови кои протестирале пред Кралската палата во Ријад денеска беа уапсени од страна на властите во Саудиска Арабија. Тие протестирале противејќи се на месечните надомести за нивните животни трошоци.
Принцовите се собрале на протест барајќи укинување на кралскиот декрет со кој е запрено плаќањето на сметките за струја и вода на членовите од кралското семејство.
– Кралот и нареди на Кралската гарда да интервенира и тие се притворени и сместени во затворот Ал Хаир, јужно од Ријад, каде чекаат судски процес, наведуваат саудиските медиуми.