А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Јавна опомена од Антикорупциска за судир на интереси

by А1он05/01/2018 - 09:45222
Share0

Јавна опомена за лицето Марјан Огњановски за судир на интереси поради повреда на член 9 од Законот за спречување судир на интереси изрече Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

Добивај вести на вибер

Тој покрај функцијата член на Управен одбор на АД „ГТЦ“ – Скопје ги извршувал и функциите управител на ТД „НАФТОВОД“ ДООЕЛ Скопје и управител на ТД ДТУ ТЕРМА – 2002 ДОО Скопје.

– Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати до наведеното службено лице со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откаже од извршување на две од трите функции кои истовремено ги извршува со што ќе излезе од состојбата на судир на интереси во која се наоѓа. Со допис доставен до Државната комисија известени сме дека службеното лице направило промена на управувањето на Трговското друштво – ДТУ ТЕРМА – 2002 ДОО Скопје, и истото го доверило на лицето Орхидеја Огњановска за што во прилог достави Решение од Централен Регистер на РМ. ДКСК по увидот од тековната состојба на наведеното трговско друштво во Централиот регистер на РМ констатира дека е направена промена на управителското место на Трговското друштво – ДТУ ТЕРМА – 2002 ДОО Скопје, а како нов управител е назначена Орхидеја Огњановска, а исто така е констатирано дека не е направена промена на управувањето на Трговското Друштво „НАФТОВОД“ ДООЕЛ Скопје. ДКСК од увидот во расположивата документација констатира дека лицето Марјан Огњановски и Орхидеја Огњановска се блиски лица, што е спротивно на член 9 од Законот за спречување судир на интереси, се наведува во соопштението од Комисијата.

Антикорупциска смета дека и покрај промената се исполнети условите утврдени во член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси поради што донесе одлука на Марјан Огњановски да му се изрече мерката јавна опомена, која се објавува во средствата за јавно информирање

dksk

Би можело да ве интересира

Левица: ДКСК извршила директна дискриминација врз пратеникот Апасиев

Горан Наумовски19/02/2026 - 13:36

Левица: Оставката на Ристовска не е личен чин туку признание по изнесените скандали од страна на Левица

Горан Наумовски13/02/2026 - 13:4513/02/2026 - 15:04

Цвета Ристовска поднесе оставка од функцијата член на ДКСК

Горан Наумовски13/02/2026 - 12:1213/02/2026 - 12:37

Левица: Ристовска врши тортура врз вработените во ДКСК

Горан Наумовски07/02/2026 - 12:2207/02/2026 - 12:23

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Горан Наумовски30/01/2026 - 11:42

Левица: Повеќе од еден месец молк од антикорупциска за тендерските шеми на Томовски – дали и овие докази се „изгубија“ во октоподските пипци?

Горан Наумовски27/01/2026 - 19:24
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен