Кевин О’Конор (22), дефанзивец на англискиот второлигаш Престон, освои милион евра на новогодишна лотарија од Националната лотарија на Ирска.
Добитниот лоз му го купил неговиот вујко како подарок за католички Божик. Неговиот лоз бил купен во Вексфорд, а О’Конор првично не ни знаел дека е добитник.
– Мајка ми ми побара да и го фотографирам ливчето, оти победникот бил од нашиот крај. Не ни помислив дека е моето победничкото. Не ми се верува дека ја добив наградата, изјави О’Конор за британските медиуми.
Тој веќе година и пол игра за Престон, а неговата плата изнесува 15 илјади евра неделно.