Хрватска и Словенија да продолжат со дијалогот на сите нивоа и да избегнуваат било какви потези што би можеле да им наштетат на билатералните разговори повика денеска Европската комисија.
Тие изразија подготвеност за да помогнат во имплементација на арбитражната пресуда во врска со границата.
– Комисијата бара од двете страни да продолжат со дијалог на сите нивоа на конструктивен, примерен и недвосмислен начин и избегнување каков било потег што би наштетил на билатералните разговори што се во тек, изјави Мина Андреева портпаролка на ЕК на прес конференција.
– Комисијата може уште еднаш да расправа и да разгледа како да се придонесе за имплементација на арбитражната пресуда, додаде таа.