Утрово во Скопје кај Петровец беа измерени -2 степени што е најниска измерена тепература во државава, додека највисоката е во Дојран каде што беше 6 степени.
Според УХМР, минус еден е во Берово и Тетово, нула во Виница, Крива Паланка, Ѓуриште, Крушево, Маврово, Демир Капија, Лазарополе, Куманово, Скопје, Штип, Битола и Струмица, еден во Гевгелија, два во Пожаране и Прилеп, три во Претор и Тополчани, како и четири степени во Дебар и Охрид.
Висината на снежната покривка е еден сантиметар во Лазарополе и Маврово, а количината врнежи изминатите 24 часа е четири литри на метар квадратен во Дебар и Маврово, два во Крушево, Крива Паланка, Охрид, Претор, Пожаране и Прилеп, како и еден литар во Виница, Дојран, Лазарополе, Тетово, Битола и Штип.
Во текот на ноќта и утрово времето беше умерено до значително облачно со локални врнежи од дожд, а на планините снег. Дуваше умерен ветер од јужен правец, кој во Битола достигнуваше брзина до 60 километри на час.
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно. Утрово и кон крајот на денот ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.
Нов влажен и постуден бран се очекува од четврток кога ќе има и локални врнежи од дожд и снег, како и опаѓање на дневните температури.
После тоа ќе следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, додека дневните ќе бидат повторно во пораст.
