Македонскиот народен театар утревечер организира пречек на Новата година со настан „МНТ Супернова 2018 – Соѕвездие на добрата забава“.
Публиката ќе ја забавува актерот Сашко Коцев со стендап, а меѓу неговите 15-20-минутни настапи ќе има музика со учество на Биба Додева, Бени & Нонстоп, Александар Митевски и Дамир Имери бенд.
Почетокот на новогодшната вечер е во 21 часот. По доаѓањето на Новата година, публиката ќе продолжи да се забавува во фоајето на театарот каде што диџејот Драган Б. Костиќ ќе пушта рокенрол и ретро музика до 3 часот по полноќ.
Покрај забавна програма, пречекот вклучува и коктел. Од МНТ соопштија дека влезниците, по цени од 1.600 до 2.000 денари, ги распродале пред една недела.
Вратите за публиката во 2018-та МНТ ќе ги отвори на 10 јануари за претставата „Не се клади на Енглези“.