Ветер од 80 километри на час во Штип и Тополчани

Од:

Во Македонија утринава е претежно облачно со локален дожд во западните делови и дува умерен на места засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Во Штип и во Тополчани ветерот достигнува брзина од 80 километри на час.

До седум часот наврнале два литра на метар квадратен дожд во Лазарополе и еден литар на метар квадратен во Маврово и Тетово.

Температурите утринава се над нулата во сите градови низ државата.

Под влијание на влажен бран денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. До крајот на денот врнежите ќе се прошират во поголем дел од земјата, а поинтензивни ќе бидат во западните подрачја, каде локално ќе наврнат околу 20 л/м2. Ќе дува умерен до засилен јужен и југоисточен ветер. Максималната температура ќе се движи од 6 до 12 степени.

Во Скопје слично време со максимална температура до 9 степени.

Според УХРМ, утре ќе има слаб локален дожд, а на планините и на некои повисоки места во западните делови ќе има слаб снег. Во деновите од викендот ќе биде стабилно и суво. Во сабота ќе дува умерен северен ветер, а во недела и понеделник по одделни котлини ќе има услови за магла. Во текот на новогодишната ноќ времето ќе биде стабилно со температура во интервал од -4 до 3 степени.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски