Инспекторите на Државниот инспекторат за животна средина, во две групи, денеска се на терен со цел да изврши зајакнати контроли на правните субјекти што поседуваат А интегрирани еколошки дозволи (А ИСКЗ).
Овие активности се преземени како резултат на прагот на алармирање за надминување на вредноста од 200mg/m3 во текот на два последователни денови на PM10 честичките во воздухот, дефиниран во Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање. Овој праг на алармирање е надминат во Скопје на мерните места Ректорат и Лисиче и во Тетово.
Овие два града, Скопје и Тетово, се опфатени со зајакнатите контроли на Државниот инспекторат за животна средина и природа, и врз основа на оваа контрола ќе бидат преземени соодветни мерки согласно уредбата и Законот за амбиенталниот воздух.
Истовремено, инспекторските екипи на терен ги потсетуваат управителите на компаниите и на препораките за намалување на производството во периодот кога важат мерките што се на сила заради надминување на вредноста од 200mg/m3 во текот на два последователни денови на PM10 честичките во воздухот.
Од Државниот инспекторат за животна средина информираат дека доколку биде потребно, инспекторските екипи ќе бидат зајакнати и со инспектори од другите градови во републиката.