Лидерот на ДПА, Мендух Tачи, смета дека решавање на спорот за името на Македонија и Грција во првата половина од годинава нема да се случи и не очекува некакви значителни резултати од посетата на посредникот Метју Нимиц, кој денеска е во Скопје.
„Тешко сега може да се случат некакви работи во поглед на спорот. Некои политичари лесно даваат ветувања, но јас не верувам дека во првата половина на годината ќе има некакво решение за спорот. Во втората половина ќе се случат некои работи, поточно после локалните избори ќе има смени на политичката сцена и некои работи ќе дојдат на подобро“ изјави претпладнево Тачи во штабот на ДПА во Чаир.
Таму беше објавено дека огранокот на Нова демократија од Чаир преминува во ДПА.
Фото: Плусинфо