Со желби за многу љубов градоначалничката на Битола им ја честита Новата година на децата од заводот „Кочо Рацин“

Од:

Креативност, топлина, ентузијазам и прекрасни чувства, денес го исполнија просторот на Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор, глас и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“ во Битола.

Децата со своите прекрасни рецитаторски и музички точки, ги разбрануваа срцата на присутните, а радост и топли насмевки зрачеа од лицата на гостите. Настанот со внимание го проследи и градоначалничката на Општина Битола, која заедно со Дедо Мраз, со новогодишни пакетчиња и топла порака им посака најискрени желби на децата од Заводот „Кочо Рацин“.

„Да бидам искрена се чувствувам магично. Човек да се наоѓа во толку убава атмосфера, во вака добар амбиент, навистина е привилегија. И кога размислувам вака, која е најголемата привилегија да се биде градоначалник, мислам токму на ваквите моменти.

Драги мои дечиња, да сте ми здрави, живи, среќни, да ги слушате Вашите најблиски, Вашите претпоставени, вработените кои се грижат за Вас…И не заборавајте: Дедо Мраз постои! Тој е љубов, а таа е најважна во животот. Се најубаво во Новата година“, им посака градоначалничката на Битола, м-р Наташа Петровска, на децата во Заводот „Кочо Рацин“.

И овојпат се потврди дека: Детската љубов е најчиста и најискрена. Топлата прегратка и новогодишниот подарок од Дедо Мраз, како силна светлина заблеска наоколу, изразувајќи ја големата радост на децата.

Би можело да ве интересира

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски