Магла во Повардарието и Струмичко, од вечер дожд

Од:

Во одделни котлини и вдолж Повардарието утринава има магла, а намалена видливост до 50 метри има во струмичката котлина. Во западните делови од државата времето е умерено до значително облачно, а во источните делови сончево со мала до умерена облачност.

Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во западните делови умерено до значително облачно време. Во вечерните и ноќните часови ќе има појава на локален дожд. Највисоката температура ќе се движи од седум до 13 степени.

Во Скопје слично време со појава на магла и ќе дува умерен југоисточен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе достигне до седум степени.

Под влијание на влажен бран веќе од утре ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на високите планини ќе има врнежи од снег. Врнежите ќе започнат во западните делови каде ќе бидат поинтензивни и локално се очекуваат да наврнат околу 20 л/м2, а до крајот на денот ќе се прошират во поголем дел од земјава. Ќе дува засилен јужен ветер. Во петок ќе има слаб локален дожд и слаб снег на повисоките места во западните делови.

За време на викендот и за новогодишната ноќ се очекува стабилно, суво, релативно студено и ветровито време.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски