Британскиот принц Хари и неговата вереница Меган Маркл на пријателите им најавиле дека сакаат да го поканат поранешниот претседател на САД, Барак Обама и неговата сопруга Мишел на нивната венчавка на 19 мај.
Меѓутоа, британската влада ги советувала да не го прават тоа за да не го налутат актуелниот американски претседател Доналд Трамп.
Како што пишува британски „Сан“, односите на Велика Британија и администрацијата на Трамп се на ниско ниво, а Трамп не го крие своето незадоволство од Барак Обама, поради што очекувано би било да се налути доколку поранешниот претседател е поканет на веначвката на принцот.
Исто така, познато е дека на младиот пар не им се допаѓа актуелниот американски претседател, а за време на минатогодишната претседателска кампања во САД Маркл објавуваше потценувачи коментари за Трамп.
– Хари јасно стави до знаење дека сака да го покани Обама на венчавката, што предизвика многу нервоза. Трамп би можел лошо да реагира доколку Обама се појави на венчавката, пред тој да се сретне со Кралицата. Во тек се разговори и министрите ќе мора да одлучат. Доколку се повикуваат на законот, Хари едноставно ќе мора да се откаже од тоа, изјавил висок функционер од британската влада.
Меѓутоа, венчавката не е државен настан, па Владата има само консултативна улога во организација, а шефови на држави нема да бидат поканети.
Списокот на гостите се прави во Бакингемската палата.