(ВИДЕО) Ременски: Срамен говор на претседателот Иванов

Од:

По денешното обраќање на претседателот Ѓорге Иванов, останува да изразиме жалење на реториката која е иста со онаа на ВМРО-ДПМНЕ, рече пратеничката од СДСМ, Фросина Ременски.

„Иванов не успеа да се надмине и да даде придонес за надминување на конфликтите. Срамен партиски говор. Десет години Иваниов за ништо не крена глас. Ниту за монтираните процеси, за корупцијата, за прогонот на неистомидленици, масовните грабежи, еколошките проблеми… Ниту за настаните од 24 декември 2012 година. А најмлку за обидот за нарачаните убиства во собранието на 27 април. Наместо да се прецизираат причинителите меѓу кои е и тој самиот. Тој се обидува да фрли дамка на обидите на владата за унапредување на добрососедските односи“ нагласи Ременски.

Таа додаде дека тоа е доказ дека Иванов не е претседател на сите граѓани.

Г.Н.Р.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Тимчо Муцунски нè убедува дека сме „портата кон Европа“ – а не слепо црево

СДСМ: „Печатна грешка“ со коњ со пет нозе – Орце и ВМРО-ОКГ ја покажаа својата неспособност

СДСМ: Граѓаните чекаат на граница, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ минуваат по привилегирана лента

(ВИДЕО) Извештајот на ЕК е аларм за состојбите во правосудството, вели Наумоски

Опозицијата реагира: Мицкоски ја условува финансиската поддршка за судството

Горан Наумовски

СДСМ: Дали Муцунски во Вашингтон кажа дека владата на ВМРО ја спроведува руската и кинеската агенда?

Горан Наумовски